Ердоган: Турција нема да се потчини на заканите во спорот со Грција и Кипар

Од:

Турција нема да се потчини на заканите во спорот со Грција и Кипар поради поморските права во источниот дел на Медитеранот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој, исто така, рече дека Турција сака преговори околу спротивставените тврдења за континенталниот појас и правото на потенцијални енергетски ресурси.

– Кога станува збор за прашањето на источниот Медитеран, нашата земја никогаш не се залага за тензии, туку за мир, соработка, правичност и спроведување правда. Патот до ова води преку преговори засновани на взаемно почитување, истакна Ердоган.

Меѓутоа, Турција нема да дозволи „пиратски менталитет“ кој го покажуваат други земји, со цел да ја ограничат на тесен крајбрежен појас.

– Нема да им се покориме на заканите и уцените… Нема да дозволиме империјалистички експанзионизам, нагласи Ердоган.

Лидерите на Европската унија треба да проценат дали има основа за воведување санкции против Турција. Тие ќе одлучат в четврток дали ќе ја исполнат својата закана за воведување санкции откако Турција испрати истражувачки брод во територијалните води на Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он