Ердоган: Турција не дозволува експлоатација на гас во водите на Кипар

Од:

Турција нема да дозволи експлоатација на резервите гас во водите на Турција и северен Кипар во источниот Медитеран, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Говорејќи на церемонијата на морнарицата, Ердоган истакна дека оние земји кои мислат дека можат да вршат операции во источното Средоземно Море или во Егејското Море, без одобрение на Анкара, грешат.

– Ние нема да дозволиме обиди за извлекување природни ресурси во нашата земја, Кипар или источниот Медитеран, рече турскиот претседател.

Минатиот месец Турција реагираше дека грчки брод нападнал турски истражувачки брод западно од Кипар.

Грција ги отфрли обвиненијата, истакнувајќи дека Турција поттикнува тензии.

Кипар е поделен на североисточен, турски дел и јужен, грчки дел во 1974 година, кога Турција направи инвазија врз Кипар и го окупираше северниот дел на островот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски