Ердоган: Турција ќе стори се за да спречи создавање на курдска автономија во Сирија

Од:

Турција ќе ги преземе сите потребни мерки за да го спречи создавањето на курдска автономија во Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Турција ќе стори се што е неопходно за да го спречи создавањето на автономија (во градот Тал Абијад) на сириските Курди, кои САД ги сметаат за нивни сојузници, истакна Ердоган.

Курдската власт во северна Сирија минатата недела објави дека создава нова независна провинција, вклучувајќи го градот Тал Абијад покрај границата со Турција, кој беше преземен од Исламска држава во јуни.

Турски ловци извршија два пати напади врз сириските курдски Сили за заштита на народот во неделата. Сириските курдски сили ја предизвикаа Анкара, со тоа што преминаа на запад од реката Еуфрат.

– Тоа беше предупредување. Земете се во свои раце. Доколку се обидете да го направите тоа на друго место, а на Турција не и е потребна дозвола од никого, ќе го сториме тоа што е потребно, рече Ердоган.

Турскиот претседател, кој синоќа говореше пред телевизијата Канал 24, исто така ги обвини Силите за заштита на народот за спроведување на „етничкото чистење“ во регионот и истакна дека поддршката на Западот на сириските курдски борци е еднаква на помагање на тероризмот.

– Силите за заштита на народот извршуваат етничко чистење тука (на Арапи и Туркмени), посочи Ердоган.

– Доколку Курдите се повлечат и не создадат кантон, нема проблем. Ние сепак сме решени да се бориме против се што претставува закана за нас долж сириската граница, истакна тој.

Ердоган рече дека западните сојузници во моментов ги вооружуваат Курдите. – Тие дури не ги сметаат Силите за заштита на народот за терористичка организација. Колку е апсурдно тоа, посочи претседателот.

Вооружените сили на Турција ја обновија пред неколку месеци борбата против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК). Борците од ПКК се борат за автономија од 1984 година и тие имаат тесни врски со Курдите во Сирија.

Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација. Според САД и ЕУ сепак сириските и ирачките Курди се важни сојузници во борбата против џихадистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски