Ердоган: Турција ќе го отстрани присуството на ФЕТО од балканскиот регион

Од:

Турција ќе го искорени присуството на „предавничката“ терористичка организација на Фетулах Ѓулен (ФЕТО) од Балканот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој во видео пораката, која ја испрати по повод церемонијата на свеченото отворање на Генералниот конзулат на Турција во градот Нови Пазар во регионот Санџак, во југозападниот дел на Србија, му се заблагодари на српскиот колега Александар Вучиќ за поддршката кон Турција во борбата против терористичката група.

ФЕТО и нејзиниот лидер, кој живее во САД, Фетулах Ѓулен се обвинети за организирање на неуспешниот државен удар во јули 2016 година во Турција, при што загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 луѓе. Анкара го обвинува ФЕТО дека е одговорен за долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турција го лансираше првиот комуникациски сателит

(ВИДЕO) Невообичаено светло над Истанбул: Граѓаните вознемирени, се огласи вселенската агенција

Предраг Петровиќ