Ердоган: Турција досега спречи влез во земјата на над 12.000 потенцијални џихадисти

Од:

Турција одговорно ги исполнува обврските за пронаоѓање на лица, кои се обидуваат преку турска територија да стигнат до Сирија и да се приклучат кон борците на групата „Исламска држава“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред новинари во Анкара, пред да замине во официјална посета на Украина, јави ТАСС.

Ердоган, истакна дека граѓани од разни држави, главно европски жители, се обидуваат претставувајќи се како туристи да се приклучат кон борци од ИД во Сирија, преминувајќи преку турска територија.

Ако ја информираат Турција предвреме за нивното пристигнување, ние ги задржуваме на граница и ги протеруваме од земјата. Фаќањето и протерувањето на овие лица е наш општествен долг и долг на совеста. Но, ако не не предупредат навремено, тогаш никој нема право да покрене претензии кон Турција, изјави Ердоган.

Според него под сомнение за намера за приклучување кон ИД досега е забранет влез во Турција на 12.520 странци, а 1.170 лица се заржани на граница и протерани. Турција продолжува да ги исполнува обврските во однос на тоа прашање и ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, истакна Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он