Ердоган телефонски ќе разговара со Путин и со Зеленски

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган соопшти за намерата денеска телефонски да разговара со рускиот и со украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

– Се разбира, Русија нема потизивно да гледа на работите (пристапот на Шведска и Финска кон НАТО). Русија, пред сè, е загрижена поради финското прашање. Зошто? Затоа што е гранична земја и затоа не го поддржува членството на Финска во НАТО. Всушност, Русија не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО, изјави Ердоган по посетата на Азербејџан.

Тој оцени дека „ние сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши што поскоро со мир, но, се чини оти работите се развиваат негативно од ден за ден“.

За денеска, Ердоган најави телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина.

– Ќе продолжиме да ги повикуваме страните да користат канали на дијалог и дипломатија, истакна турскиот лидер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди за планираниот разговор за денеска меѓу Путин и Ердоган.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Зеленски ја продолжува „војната“ со Фицо

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година