Ердоган со критика поради тврдењето дека масакрот во Кобане е извршен со поддршката на Турција на ИД

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше прокурдската Демократска партија на народите (ДПН), која соопшти дека масакрот во сирискиот град Кобане е извршен како последица на поддршката на турската Влада за групацијата Исламска држава.

Ердоган нагласи дека никој нема право да ја оценува Турција како држава, која го поддржува тероризмот.

– Гледаме дека кругови блиски до сепаратистичката организација Курдска работничка партија (ПКК), тука мислам на лица од политичката формација Демократска партија на народите, извршуваат кампања на клеветење и црна пропаганда по нападот во Кобане, изјави синоќа турскиот претседател.

Тој ја обвини ДПН дека е „инструмент на режимот на Башар ал Асад и некои странски лоби групи, кои се непријатели на Турција“.

Ердоган ја повика партијата да биде самокритична и да биде силно посветена на Турција, доколку сака да остане дел од државата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија