Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска на крајот од средбата со лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Истанбул ги повика Палестинците „на единство“ против Израел.

„Клучно е Палестинците да дејствуваат обединети во овој процес. Најсилниот одговор на Израел и патот до победата е преку единство и интегритет“, рече Ердоган.

По тензијата меѓу двете земји, Израел и Иран, Ердоган посочи дека „она што се случи неодамна не треба да резултира со зајакнување на Израел“. Тој рече и дека „важно е да се дејствува на таков начин што фокусот да остане на Газа“, се вели во соопштението на турското претседателство.

На крајот, турскиот претседател рече дека Турција „ќе продолжи со хуманитарната помош за Палестина со цел колку што е можно да ги олесни страдањата“ на жителите на Газа, се вели во соопштението.

Турција е една од земјите кои од почетокот на конфликтот испраќаат помош за населението на палестинската територија. Досега веќе испрати 45.000 тони храна и лекови во регионот.

Ердоган, исто така, потсети дека неговата земја воведе „низа санкции против Израел, вклучително и трговски ограничувања“. Трговските ограничувања се во сила од 9 април.

Би можело да ве интересира

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти