Ердоган: САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека САД се безобѕирни во притисокот врз Анкара да помогне во одбраната на сирискиот град Кобане, кој е под опсада на џихадистите од групацијата Исламска држава.

– Сакам да знаете дека сме против безобразието, безобѕирноста и бескрајните барања, рече Ердоган.

Вашингтон врши притисок врз Анкара за користење на турската воздухопловна воена база Инџирлик во регионот Адана, во јужна Турција за американските авиони во воздушните напади врз екстремистите од ИД.

Односите меѓу САД и Турција се влошија изминатите неколку месеци поради неподготвеноста на турски власти Турција воено да се вклучи во меѓународната коалција против џихадистите во Ирак и Сирија.

Американскиот потпретседател Џо Бајден и Ердоган без поголем успех се обидоа минатиот викенд да ги помират ставовите во борбата против ИД.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак