Ердоган: Пресудата на Морси е масакр на законот и основните права

Од:

Смртните пресуди изречени на соборениот египетски претседател Мохамед Морси и лидерите на Муслиманско братство претставуваат масакр на законот и основните права, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

– Повикувам меѓународната заедница да делува со цел да се поништат овие пресуди, донесени врз основа на инструкции од режимот, како и да се спречи овој пат што може сериозно да го загрози мирот во египетското општество, се наведува во соопштението на Ердоган.

Египетскиот суд го осуди Морси на смртна казна, во процес во кој е обвинет за масовни бегства од затвор и напади на полицијата во текот на бунтот против тогашниот претседател Хосни Мубарак во 2011 година. Судот врз основа на овие обвиненија во мај бараше смртна казна за Морси, но тоа барање беше дадено на разгледување на муфтија, кој е врховен толкувач на исламскиот закон во Египет.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски