Ердоган: Односите со Берлин ќе се подобрат по изборите во Германија

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека тензиите со Европа се должат на внатрешните политики на земјите од континетот, истакнувајќи дека односите со Берлин ќе се подобрат по парламентарните избори во Германија, што ќе се одржат во септември.

Односите меѓу Европа и Турција, што е членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија, се затегнати поради репресиите кои следеа по минатогодишниот обид за државен удар, за што некои европски земји изразија загриженост поради степенот на чистки во земјата.

– Критиките од Европа се поврзани со нивната внатрешна политика, нагласи Ердоган.

– Франција и Австрија, го направија тоа претходно, гледаме дека и Германија ја следи истата стратегија. Верувам дека ситуацијата ќе се подобри по изборите, потенцираше турскиот претседател, зборувајќи за изборите што ќе се одржат на 24 септември во Германија.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД