Ердоган не сака да слушне за нов аранжман со ММФ: Имаме резерви од 95 милијарди долари

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска категорично ја отфрли можноста земјата да склучи нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), посочувајќи дека девизните резерви на Турската централна банка изнесуваат 95 милијарди долари и оти националната економија е „добро поставена за конкурентски натпревар на светската сцена“.

Изјавата на турскиот лидер доаѓа откако домашната валута, лирата, падна на историски најниско ниво во однос на доларот и на еврото, што го отвори прашањето за можен нов аранжман на земјата со ММФ, преку кој би се поддржала лирата и би се стабилизирала нејзината вредност.

Во целост отфрлајќи ја таа идеја, Ердоган потсети дека кога неговата партија АКП дошла на власт, долгот кон ММФ на земјата изнесувал 23,5 милијарди долари, Ердоган рече дека во мај 2013 година, долгот е вратен целосно.

„Кога стапивме на функција, Централната банка имаше 27,5 милијарди долари девизни резерви, сега имаме 95 милијарди долари девизни резерви, но ќе кажам уште една бројка. Кога бев премиер девизните резерви се искачија на 132 милијарди долари. Потоа имавме намалување. Што значи тоа? Тоа значи дека ние повторно ќе се искачиме на 132 милиони долари, ќе се искачиме и на 200. Затоа што ние си ја знаеме работата,“ рече турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски