Ердоган ќе продолжи да ги нарекува европските држави „нацистички потомци и фашисти“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска вети дека ќе продолжи европските држави да ги нарекува „нацистички потомци и фашисти“, доколу тие продолжат со „сегашниот однос кон Турција“, пренесоа британските медиуми.

-Тие на моите министри не им дозволуваат да држат говори во Европа (…) Откако ќе заврши референдумот, на 16 април, ние ќе го земеме тоа предвид, се си има своја цена, изјави Ердоган во градот Зонгулдак, на митинг од неговата кампања за референдумот за уставни измени.

Во рамки на оваа кампања Ердоган веќе неколку пати се нафрли врз европските држави, меѓу кои и Германија, обвинувајќи ги за тактики од „нацизмот“, пред се, заради забраните кои им беа наметнати на турските министри да зборуваат на митинзи пред турските гласачи во странство, забележуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени