Eрдоган ја зголеми поддршката за либиската Влада

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска објави дека ќе ја зголеми поддршката за претседателот на меѓународно призната либиска Влада, Фајаз ал-Сараџ и оцени дека конфликтот во таа земја може да се реши само политички, под покровителство на Обединетите нации.

На заедничката прес-конференција со Сараџ во Анкара, Ердоган рече дека Турција и Либија ќе продолжат со истражувањето и експлоатацијата на нафтата во источниот дел на Средоземното Море, пренесе Анадолија.

Тој оцени дека командантот на силите распоредени на истокот на земјата, Калифа Хафтар, претставува најголема пречка за мирот.

Силите на Хафтар, поддржани од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Египет, од април 2019 година се обидуваат за го заземат Триполи, но претрпеа неколку порази во последните месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски