Ердоган: Ја помниме Холандија по колежот во Сребреница

Од:

Холандија и Холанѓаните ги паметиме по колежот во Сребреница, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува турската НТВ.

Изјавата се случува само неколку дена откако ги нарече Холанѓаните „нацистички остатоци“ и „фашисти”.

Меѓу Холандија и Турција избувна дипломатски скандал, откако Хаг им забрани на турски министри да одржат митинзи во холандски градови.

Холандскиот контингент во мировните сили на Обединетите Нации беше одговорен за енклавата Сребреница во 1995, кога босанските српски сили убија околу 8.000 муслимани мажи и момчиња.

Би можело да ве интересира

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина