Ердоган: Израелскиот премиер влезе во историјата како касапот на Газа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го опиша Бенјамин Нетанјаху како касап на Газа и го обвини израелскиот премиер за зголемен антисемитизам низ светот. „Нетанјаху веќе го запиша своето име во историјата како касап на Газа. Тој ја загрозува безбедноста на сите Евреи во светот охрабрувајќи го антисемитизмот со убиствата што ги изврши во Газа“, рече Ердоган, пренесе АФП.

Израел го отповика целиот свој дипломатски персонал од Турција како безбедносна мерка на почетокот на војната со Хамас. Турција, исто така, го повлече својот пратеник во Тел Авив во знак на протест поради потегот на Израел.

Би можело да ве интересира

Британската влада се откажа од своето противење на одлуката на МКС за налогот за апсење на Нетанјаху

Ердоган: Конгресот на САД му аплаудираше на геноциден убиец

Трамп му посака добредојде на Нетанјаху и рече дека секогаш имал добри односи со него

Камала Харис поостра од Бајден кон Нетанјаху. „Прекинете ја војната во Газа“

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона