Ердоган: Ирак не може сам да ја протера ИД од Мосул

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Ирак не може сам да ја протера џихадистичката група Исламска држава од градот Мосул, како и дека присуството на турските сили во блиската воена база претставува гаранција од можни напади врз Турција.

Ердоган истакна дека Турција нема да и дозволи на ИД, ниту на било која друга организација, да го контролира Мосул.

Официјална Анкара е во жесток спор со ирачката Влада поради присуството на турските сили во воениот камп Башика во северниот дел на Ирак, како и околу тоа кој треба да учествува во планираната офанзива на Мосул, која ќе се спроведе со поддршка на САД.

Турскиот претседател, исто така, нагласи дека сириските бунтовници, кои ја имаат поддршката на Турција, напредуваат во борбата за освојување на селото Дабик, во северозападниот дел на Сирија, кое моментно е под контрола на џихадистите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски