Ердоган: Идејата за „Голема Албанија“ е неприфатлива за Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека идејата на некои кругови за обединување на Албанија, Македонија и Косово во „Голема Албанија“ е лоша и неприфатлива за Турција, која заговара почитување на суверенитетот и интегритетот на земјите од Балканот.

– Тоа се лоши работи. Ете, гледате што се случува на Блискиот исток, во Ирак, Сирија… Не сакаме такви кризи да се случуваат на Балканот. Постојат такви кои за Балканот се обидуваат да направат такви планови, но тоа нема да им го дозволиме. Ние заговараме почитување на суверенитетот и интегритетот на државите и тоа мора да се сфати. Затоа такви игри не смеат да се прават во Македонија, БиХ, Албанија, Србија, истакна Ердоган.

Шефот на турската држава порача дека сите тие земји треба да го продолжат својот пат кон кој се движат.

Тој додаде дека различностите во секоја земја и општество мора да се препознаат и да се искористат како богатство, оценувајќи дека таквото разбирање на работите може да им помогне на овие земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски