Ердоган го обвини Израел за „државен тероризам“

Од:

 Турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган денеска го обвини Израел за „државен тероризам“ поради нападите врз Појасот Газа и за  „масакр“ на палестински жители.

– До кога светот ќе молчи пред државниот тероризам, изјави Ердоган во неделното обраќање пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот. Тој исклучи какво било нормализирање на односите на Турција со Израел, додека таа земја ја продолжува агресијата врз Газа.

Според Ердоган, Израел се однесува како разгалено дете и сее смрт меѓу Палестинците. Тој го осуди „недејствувањето“ на меѓународната заедница во врска со израелската воена операција, во која загинаа 192 лица.

– Вие не сте сами и никогаш нема да бидете сами, им порача Ердоган на Палестинците, најавувајќи дека Турција ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Газа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот