Суд му дозволи на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган да присуствува на процесот против 29 корисници на Твитер, на кои им се суди за поттикнување на противзаконско однесување и навреда на премиерот за време на протестите за истанбулскиот парк Гези, објави сајтот на англиски јазик „Ворлд булетин“.
Судот во Измир го прифатил барањето на премиерот да присуствува на судскиот претрес против 29-те твитерџии.
Процесот против осомничените, кои се притвор од 5 јуни минатата година, почна вчера во Измир во западна Турција.
На Ердоган, меѓутоа, му е отфрлено барањето да даде изјава пред Судот, откако адвокатите на обвинетите изјавија дека тој не е лично инволвиран во случајот. Ердоган официјално во судскиот процес е пријавен како „нападната страна“.
Обвинителите побараа обвинетите да бидат осудени на три години затвор за „поттикнување на луѓето кон противзаконско однесување“, пред се, со нивните пораки на Твитер за време на безредијата.
Судењето го следат голем број странски новинари и набљудувачи. Следниот претрес во предметот се закажан за 14 јули.