Ердоган: Без размислување ќе го потпишам законот за смртна казна

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека очекува Парламентот да го усвои враќањето на смртната казна по одржувањето на референдумот за проширување на претседателските овластувања на 16 април.

– Семејствата на мачениците, хероите, не треба да се грижат. Верувам, со божја волја, дека по гласањето на 16 април, Парламентот ќе направи се што е потребно кога се во прашање вашите барања поврзани за смртната казна, истакна Ердоган, додавајќи дека „без размислување“ ќе го потпише законот за враќање на смртната казна.

Западните медиуми оценуваат дека со ваквиот потег би можело да се стави крај на патот на Турција кон членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени