ЕП донесе резолуција за присилната работа на Виетнамците во фабриката „Линглонг“ и еколошките протести во Србија

Од:

Европскиот парламент усвои резолуција за присилната работа и еколошки протести во Србија, изразувајќи „длабока загриженост“ поради положбата на виетнамските работници во кинеската фабриката Линглонг, владеењето на правото и корупцијата во животната средина, јави допсиникот на МИА од Белград.

По расправата на пленарната седница во Стразбур, усвоена е резолуција со која, меѓу другото, се „осудува насилството на екстремистите и хулиганите врз мирните еколошки демонстранти“ и се повикуваат српските власти јавно да ги осудат ваквите напади.

Во усогласениот текст се изразува „длабока загриженост“ поради наводите за принудна работа, кршењето на човековите права и трговија со луѓе во случајот со 500 виетнамски работници од кинеската фабрика Линглонг во Зрењанин.

-Властите на Србија се повикани да го истражат овој случај и да обезбедат почитување на основните човекови права, особено правата на работниците во фабриките, а резултатите од тоа да бидат доставени до ЕУ, се наведува во текстот на резолуцијата.

Во неа се изразува и длабока загриженост поради „недостатокот на транспарентност и проценка на еколошките и социјалните последици“ од кинеските инвестиции и заеми, како и од проектите на големите мултинационални компании како Рио Тинто.

Европскиот парламент наведува дека е загрижен за јакнењето на кинеското влијание во Србија и во регионот и ја повикува Србија да ги примени домашните закони за труд и животна средина и на кинеските компании во земјата.

ЕП во резолуцијата наведува и „жалење поради влошувањето на медиумските слободи, заплашувањата, па дури и говорот на омраза кон членовите на опозицијата, независните интелектуалци, невладините организации и новинарите“.

Резолуцијата ја повикува српската Влада да работи на конкретни, проверливи структурни реформи и да ги елиминира недостатоците во владеењето на правото, основните права, медиумските слободи, борбата против корупцијата и криминалот и функционирањето на демократските институции.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија