Експлозија во близина на полициската станица на северот на Косовска Митровица

Од:

Ноќеска околу три часот по полноќ во близина на полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица дошло до експлозија во која нема повредени, потврдил за заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани.

„Во експлозијата што се случи околу три часот по полноќ оштетен е електричен столб со камера за видео надзор, како и приватен автомобил. Повредени нема, а во моментов не можам да потврдам за која експлозивна направа се работи. Тоа го одредуваат специјализирани единици“, рече Елшани.

Тој посочи дека случајот е оквалификуван како „предизвикување општа опасност“ и дека полицијата интензивно трага по сторителите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во Москва, има мртви и ранети

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Експлозија во теретана во Виена, повредени се неколку лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва

Горан Наумовски