Екипата на мафијашот Беливук вмешана во уште 10 убиства, објавен цел список

Од:

Со апсењето на една од најопасните криминални групи во регионот, предводена од Вељко Беливук, или Веља Неволја и Марко Миљковиќ Маре, истражителите би можеле да расветлат уште десетина убиства со кои е поврзан овој клан.

Како што открива изворот за српските печатени медиуми, трагите на членовите на оваа криминална група, која била дел од Кавачкиот клан, водат до ликвидациите на луѓе блиски до Лука Бојовиќ и Шкаљарскиот клан.

Се сомнева дека луѓето на Беливук на некој начин се поврзани со ликвидацијата на адвокатот Драгослав Мишо Огњановиќ, кој му бил адвокат, но и пријател на Лука Бојовиќ, потоа со убиството на Драгослав Милорадовиќ, кој бил кум на Бојовиќ и Синиша Милиќ, кој бил возач на Филип Кораќ. Постојат одредени индиции кои ја поврзуваат оваа група со егзекуциите на Страхиња Стојановиќ, Александар Шарац, Бојан Мирковиќ и Љубомир Марковиќ Киќа – открива извор од истрагата.

Како што објасува, се сомнева дека екипата на Неволја во некои од суровите ликвидации била логистичка поддршка.

Покрај „Кавчаните“, тие тесно соработувале и со Дарко Елез, кој беше уапсен во Белград на крајот на минатата година по потерница од Босна. Оперативните податоци покажуваат дека тие си го чувале грбот на едни со други, но исто така си помогнале и во отстранување на противниците. Според истите информации, Елез не учествувал во убиствата, но наводно им помагал на клановите да се поврзат со луѓе од Босна кои се вешти во ракување со експлозиви, но и да им се најде кога по ликвидациите бегале преку Дрина – објаснува извор од истрагата за српските медиуми.

Оружјето, вклучително снајпери, пушки и пиштоли, пронајдени при апсењето на групата Беливук, е испратено на вештачење.

Се утврдува дали тоа оружје е веќе користено во убиства, но и кој бил во контакт со него. Особено интересни се снајперите, како и тоа дали биле користени во ликвидацијата на Миломир Јовановиќ, кум на Дејан Стојановиќ Кеке, убиен на гробиштата во Сопот, како и на Далибор Ѓуриќ, дел од Шкаљарскиот клан, убиен со истото оружје во затворот Спуж – додава соговорникот.

Список на убиени

1. Далибор Ѓуриќ, близок до Шкаљарскиот клан, убиен на 22.09.2016 година додека се шетал во затворот Спуж

2. Миломир Јовановиќ, кум на Дејан Стојановиќ Кеке, убиен на гробиштата во Сопот на 15 јануари 2017 година.

3. Драгослав Милорадовиќ, кум на Лука Бојовиќ, убиен на 28.05.2018 година во Белград

4. Синиша Милиќ, возач на Филип Кораќ, убиен во експлозија на бомба поставена под неговиот автомобил на 19 јуни 2018 година во Белград

5. Драгослав Миша Огњановиќ, адвокат и пријател на Лука Бојовиќ, убиен на 28 јули 2018 година во Белград

Драгослав Миша Огњановиќ

6. Небојша Марковиќ, зет на Александар Шарац, убиен на 6 јануари 2019 година. Тој беше застрелан од платениот убиец Чаба Дер

7. Љубомир Марковиќ Киќа, водачот на навивачи, убиен на 1 ноември 2019 година во Белград пред очите на бројните сведоци

8. Страхиња Стојановиќ, разнесен на 13 септември 2020 година во експлозија на бомба поставена под неговиот џип во Белград

9. Александар Шарац, кој бил близок со Шкаљарскиот клан, убиен во белградскиот трговски центар „Ушче“ на 17 октомври минатата година

10. Бојан Мирковиќ, наводно близок до Шкаљарскиот клан, убиен на 12 ноември 2020 година во Нов Белград

Страхиња Стојановиќ

Истрагата е сè уште во тек, се очекуваат нови апсења, како на луѓе од криминалната средина така и на сите оние од државниот апарат што криеле докази за нив, ги предупредувале за текот на истрагите и спречиле да бидат уапсени – заклучува изворот.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски