ЕК: Србија се усогласи делумно со визната политика на ЕУ

Од:

Портпаролката за внатрешни работи на Европската Комисија потврди дека Србија делумно ги исполни барањата за визни услови со трети земји.

Портпаролката на Европската Комисија, Анита Хопер, попладнево на редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија изјави дека Белград се усогласи со барањата на ЕУ за воведување на визи за граѓаните од Бурунди и Тунис, а земјата работи на дополнително усогласување со други земји.

Европската Унија бара од Србија, но и од сите други земји од Западен Балкан да воведат визен режим паралелен со тој на земјите од ЕУ, поради тоа што земјите од Западен Балкан се ослободени од туристички визи, и Европската Унија стравува дека баратели на азил од трети земји преку западнобалканските земји се обидуваат да влезат во ЕУ.

Анита Хопер истакна дека таканаречената „балканска рута“ на миграција во последниот период бележи зголемен број на пристигнувања.

Таа изјави дека се повикуваат земјите членки на ЕУ и агенциите на ЕУ да обезбедат силна соработка на терен и поддршка за земјите од Западен Балкан, со цел сочувување на Шенгенската зона.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ