ЕК: Србија малку напредувала во воспоставувањето на ефикасен правосуден систем

Од:

Интерниот документ на Европската комисија за напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24 на владеењето на правото вели дека во изминатите шест месеци Србија постигнала мал конкретен напредок во воспоставувањето на систем на именување на судии и обвинители и зајакнување на улогата на Високиот судски совет и на Државниот совет на обвинители во надзорот на судството и обвинителство.

Според текстот кој што го објавија повеќето српски медиуми, Србија доцни и со голем број на активности за процесуирање на случаи.

Земјите-членки на ЕУ врз основа на Извештајот на ЕК за напредокот во владеењето во правото, ќе одлучат колку поглавја во преговорите со ЕУ, Србија ќе отвори на меѓувладината конференција која следната недела ќе се одржи во Брисел.

Во делот од извештајот за поглавјето 23 за правосудство и фундаменталните права, се наведува дека во Србија е во тек процесот на уставни реформи, дека старите предмети се решаваат, и дека полека се зголемува бројот на оние кои одат на медијација, дека обвинителот за воени злосторства е назначен во мај 2017 година и дека неговата служба работи со колегите во регионот.

Сепак извештајот забележува дека се доцни со активностите во насока на воспоставување на ефикасен, транспарентен и сеопфатен систем на процесуирање на случаи и дека повторно е одложено усвојувањето на стратегијата на обвинителството и на одредени други активности кои се во насока на подобрување на работата на српското обвинителство за воени злосторства.

Во Извештајот се истакнува дека објективниот, со резултати базиран и транспарентен систем на избор и именување на судии и обвинители, е клучно за подобрување на професионализмот и компетентноста на судството и обвинителството и обезбедување на квалитетот и ефикасноста на системот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија