ЕК предложи помош од 14,6 милиони евра за поплавите во Словенија, Хрватска и Австрија

Од:

Европската комисија денеска предложи Словенија, Хрватска и Австрија да бидат потпомогнати со 14,6 милиони евра по поплавите од октомври и ноември минатата година.

Еврокомесарот за регионална политика Јоханес Хан во соопштението наведува дека предлогот е израз на солидарност и дека понудените средства ќе помогнат за ублажување на финансискиот удар, претрпен за реконструкција на инфраструктурата и преземањето на итни мерки.

Поради поројните дождови есента 2012 година реките во регионот поплавија голем дел од Северна Словенија, како и области во Хрватска и Австрија.

Комисијата предлага 14,08 милиони евра да добие Словенија, 286.587 евра Хрватска и 240.000 евра Австрија.

Словенечките власти го оценуваат вкупниот износ на штетите на речиси 360 милиони евра, што претставува речиси над еден процент од бруто националниот производ на земјата. Хрватска и Австрија пријавија штета во вредност од 11,5 милиони евра и 9,6 милиони евра соодветно.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ