ЕК потпиша Договор за стабилизација и асоцијација со Косово

Од:

Европската комисија (ЕК) го усвои Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово и го упати до Советот на министри на Европската унија (ЕУ), кои би требало да го прифатат тој документ, јави агенцијата Бета, повикувајќи се на извори во Комисијата.

Косово не го признаваат пет членки на ЕУ и затоа е договорено Договорот со Косово, ако го прифати Советот на министри на ЕУ, да го потпише ЕК, а не земјите-членки на Унијата, како што тоа беше случајот со петте држави од Западен Балкан.

Известувачот за Косово во Европскиот парламент (ЕП) Улрике Луначек соопшти дека усвојувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација во ЕК е „важен чекор на патот на Косово кон интеграцијата во ЕУ“, при тоа истакнувајќи дека Косово првпат ќе стекне договорен однос со Унијата.

Договорот со Косово мора да го потврди и ЕП.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица