ЕК: Ештон нема план за северно Косово, важно е да се продолжи дијалогот

Од:

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон нема план за решавање на проблемите во северно Косово, изјави анонимен службеник на Европската комисија, пишува белградска „Политика“.

Со ова тој ги демантира тврдењата на медиумите во Приштина дека високата претставничка, оваа недела на српската и косовската страна ќе им го претстави својот план за северниот дел на Косово, базиран на планот што своевремено го направи Марти Ахтисаари.

„Во овој момент пред се сме фокусирани на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а за некаков план за северот нема разговор“, изјавил изворот од Брисел.

Ештон за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе има одделни средби со претседателот на Србија, Томислав Николиќ и со премиерот на Косово, Хашим Тачи.

 

 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски