ЕК: Акциите на турските власти го прават невозможно членството на Турција во ЕУ

Од:

Европската комисија денеска соопшти, дека акциите на турските власти го прават невозможно присоединувањето на Турција кон Европската унија.

Ова соопштение беше дадено, откако германската канцеларка Ангела Меркел нагласи дека „Турција никогаш нема да стане членка на ЕУ“, повикувајќи на прекинување на преговорите со Анкара за приклучување во Унијата.

Портпаролот на ЕК ја цитираше изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, што беше дадена минатата недела во рамките на предизборната кампања.

– Турција со гигантски чекори се оддалечува од Европа и со тоа станува невозможно Турција да се присоедини кон ЕУ, истакна Јункер.

Портпаролот на ЕУ, исто така наведе дека, секоја одлука за тоа дали официјално треба да биде прекинат процесот за членство на Турција во Унија, што одамна е блокиран, може да биде донесена само од земјите-членки, а не од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите