Едно лице почина во болницата во Пирот од задушување со амонијак

Од:

По повод вчерашната несреќа кога на патот Пирот – Бела Паланка се превртеа четири цистерни, а од едната истече амонијак, соопшти Основното јавно обвинителство Пирот, едно лице починало од задушување.

„Ве известуваме дека на железничката пруга, во атар на село Сопот, градот Пирот, кај „Сопотски Хан“, до несреќата дошло на тој начин што товарен воз кој превезувал 20 цистерни со амонијак излетал од шините, при што од најмалку една цистерна се излеал амонијак и во атмосферата бил испуштен гас од амонијак, при што се создал густ чад коj се прострел на државниот пат каде се случила сообраќајна незгода – верижен судир, во која учествувале повеќе возила.

Во сообраќајната незгода едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица со полесни телесни повреди. Во Пиротската болница се примени вкупно 41 лице, од кои 38 со симптоми на гушење и 3 повредени во сообраќајна незгода, а 15 лица се примени во ургентниот центар на КЦ Ниш. Едно лице почина во Пиротската болница, со сомнение дека починало од задушување“, соопштија за Нова.рс од Основното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани