Едно дете загина во експлозија на противтенковска граната во БиХ

Од:

Десетгодишно момче загина и четири други деца беа тешко ранети кога противтенковска граната експлодира крај Сараево, соопшти ДПА, повикувајќи се на босанските медиуми и локалната полиција.

Децата ја нашле гранатата кога си играле во населбата Хаџичи, западно од Сараево и невнимателно ја активирале.

nesreka-bih-dete1

По војната во БиХ од 1992 до 1995 година во земјата останаа стотици закопани мини.

По завршувањето на војната над 600 лица загинале и над илјада биле осакатени во експлозии на муниција, најмногу противпешадиски мини, забележува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина