Единаесетти земјотрес по ред ја потресе Зеница

Од:

Земјотрес со слаб интензитет од 3,4 степени според Рихтер и денеска е регистриран во Зеница, чиј епицентар се наоѓал на 10 километри од босанскиот град.

Ова е веќе 11-ти потрес за само четири дена кој го погоди подрачјето на БиХ, а сите биле со епицентар во близина на Зеница.

Новиот земјотрес не предизвикал материјална штета, но дополнително ги вознемири жителите на Зеница, кои стравуваат од посилно разнишување на тлото.

Првиот земјотрес во Зеница е забележан ноќта кон саботата, чиј интензитет изнесувал 4,6 степени според Рихтер, што е инаку најсилниот во изминатите четири децении.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина