Новоизбраниот албански премиер Еди Рама вчера бил во приватна посета на Атина и се сретнал со грчкиот колега Андонис Самарас, објави грчкиот весник „Имерисија“.
Во рамки на посетата се одржала и средба на Еди Рама со грчкиот вицепремиер и шефот на дипломатијата Евангелос Венизелос.
На крајот на минатата седмица Еди Рама, кој ја презема премиерската функција во септември, имаше средба во Анкара и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
Во интервју за Си-Eн-Eн Tурк, албанскиот премиер изјави дека „Италија, Турција и Грција се стратешки партнери на Албанија“.