Еди Рама им се заблагодари на сите кои работеа за кандидатскиот статус на Албанија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска им се заблагодари на сите кои беа вклучени во работата кон европскиот пат на Албанија.

– Се гордеам за она што сите заедно го направивме. Ви благодарам на сите, напиша на Твитер премиерот на Албанија, која денеска доби кандидатски статус за членство во Европската унија.

Тој наведе дека „преговорите за членство ќе бидат поинтензивни, патот потежок, а предизвиците поголеми“. Рама ги истакна и напорите на опозицијата, нагласувајќи дека кандидатскиот статус не е само успех на Владата.

Лидерот на опозициската Демократска партија на Албанија, Љуљзим Баша истакна дека денешната одлука е крај на долгиот пат, што почнал пред пет години.

– Направен е важен чекор, но претстои нов, отпочнување на преговорите за членство, посочи Баша.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“