Едeн убиен, четворица повредени во престрелка во Братислава

Од:

Во престрелка во текот на ноќта во Братислава, едно лице загина, а четворица се повредени, соопштија словачките власти.

Полицијата соопшти дека истражува ноќен инцидент во населбата Дубрава, во кој загина еден маж (32), а четворица се повредени, од кои тројца се задржани на болничко лекување.

Пријавено е дека при интервенцијата полицијата морала да употреби огнено оружје.

Портпаролот на Регионалната дирекција на полицијата во Братислава, Михал Шеиф, информираше дека на улицата Федаково во Дубрава по полноќ биле испратени неколку полициски патроли врз основа на повеќе телефонски јавувања од граѓани.

Како што истакна, со прострелни рани биле пронајдени четири лица, кои по укажаната помош биле пренесени во болниците.

Полицијата во моментов ги утврдува сите околности и точните причини за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

Тројца осомничени за вчерашното убиство во Бања Лука

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Двојно убиство во скопското село Стајковци: Си ги убил братот и снаата

Горан Наумовски