Еден од шефовите на белградската полиција и помагал на бандата на Беливук

Од:

Поранешниот началник на Управата на криминалистичката полиција на Белград Илија Милачиќ кој беше уапсен пред два дена се сомничи дека издавал службени тајни на познат бизнисмен поврзан со бандата на Вељко Беливук.

Апсењето на Милачиќ е големо изненадување пишуваат српските медиуми со оглед дека тој неколку пати бил наградуван и унапредуван и важел за перспективен оперативец. Пред неколку месеци бил унапреден поради постигнатите резултати во сузбивање на криминалот и расветлувањето убиства.

Милачиќ беше началник на криминалистичката полиција за Белград до ноември минатата година. Тој бил еден од шефовите на оделението за посебни акции.

Кланот на Беливук не би можел да функционира ако не бил поврзан со високи полициски структури. Веднаш по апсењето на криминалната група, приведени се и двајца полицајци. Тие во тек на увидот на едно од местата поврзани со Беливук се обиделе да прикријат докази.

Се верува дека Милачиќ и овие двајца полицајци не се единствените што работеле за Беливук. Сомнежите се дека има уште полициски службеници кои го предупредувале Беливук за акциите кои се подготвувале.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он