ДЗС испрати помош во загрозените краеви во Србија и во БиХ

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) по претходна одлука на Владата на Република Македонија за испраќање помош во загрозените краеви на Република Србија и Босна и Херцеговина учествува со свои припадници и материјално технички средства.

Во Босна и Херцеговина, како што соопшти денеска ДЗС, испратени се 15 припадници од тимовите за спасување од поплави, два гумени чамци, 13 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 литри за минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 литри во минута.

Ангажираните лица се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Брчко. Двете мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 литри во минута, се посочува во соопштението, се ставени во функција и ја испумпуваат водата на четири места кои се поплавени односно работат на испумпување на водата од патишта, подземни премини и места кои се поплавени и не се проодни за движење на лица и возила.

Двата гумени чамци се ставени во функција, од кои со едниот две лица од ДЗС вршат евакуација и достава на храна и сите потребни продукти, а другиот го користат припадниците од Министерството за внатрешни работи исто така за евакуација и достава на храна и продукти.

Пумпите со помал капацитет на испумпување вода се користат за испумпување од станбени објекти, дворови и на места каде што има помала количина вода.

Секојдневното дејствување, координирање го врши Штабот и тој дава насоки за дејствување на лицата. Соработката помеѓу сите е на високо ниво и сите операции се одвиваат без проблеми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица