Џаферовиќ: Додик го опструира формирањето на Совет на министри на БиХ

Од:

Членот на Претседателството на БиХ Шефик Џаферовиќ оцени дека единствен виновник што досега не е воспоставен новиот Совет на министри на БиХ е Милорад Додик.

Во изјава за Фена тој истакна дека Додик со своите потези и изјави го опструира конституирањето на Советот на министри, но и работата на Претседателството на БиХ.

– Додик го опструира спроведувањето на Законот за одбрана на БиХ и исполнувањето на меѓународните обврски на нашата земја, а потоа за опструкциите ги обвинува бошњачките политички претставници и тврди дека „БиХ е невозможна“.

Тоа не е ништо ново, таков принцип на работа веќе сме виделе – прво да се блокираат сите процеси и потоа да се зборува дека институциите не функционираат и дека ова е „невозможна држава“. И тоа како е можна.

Додик нека почне да ги почитува законите, нека почне да ја почитува државата БиХ на чие е чело и ќе имаме Совет на министри во рок од 24 часа, потенцира Џаферовиќ.

Претходно, претседавачот на Претседателството на БиХ Додик истакна дека поради неформирањето на властите на ниво на БиХ, евидентен е застој во земјата, дека ситуацијата е хаотична и нагласи дека БиХ останува трајно поделено општество кое не служи за ништо кога е во прашање Република Српска.

– Опструкциите кои ги вршат Бошњаците ќе го депримираат и урнат целосно политичкиот систем во БиХ. Морам да изразам целосно незадоволство со состојбата, неактивноста на органите на ниво на БиХ, запирањето на работата на Претседателството на БиХ, неиформирањето на Парламентот, пропуштената можност за европски пат на БиХ, изјави вчера Додик.

Освен што не е формиран Совет на министри, исто така, не е конституиран ни парламент на ниво на БиХ, која нема ни делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, а која БиХ беше должна да ја соопшти до 6 април.

Во согласност со Правилникот на ПССЕ, Парламентот на една земја има шест месеци од денот на изборите да ги достави имињата кои ја сочинуваат неговата десетчлена нова делегација. Изборите во Босна и Херцеговина се одржаа на 6 октомври 2018 година.

Би можело да ве интересира

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина

Додик: Во БиХ нема вонредна ситуација, Република Српска го почитува Дејтонскиот договор

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски