Џаферај: Голем скандал е објавувањето на податоците за ШИШ, тотална неодговорност на владата

Од:

Пратеникот во албанскиот Парламент и член на комисија за безбедност, Фердинанд Џаферај, објавените податоци од страна на иранските хакери, за вработените во албанската тајна служба, ШИШ, ги оцени како “голем скандал и тотална неодговорност на владата”.

– Овој пат сите сме несигурни, овој пат е многу позагрижувачко од другите објавени податоци. Се сметаше дека хакерите не успеале да навлезат во ШИШ или до Министерството за одбрана, но објавувањето на овие податоци го покажа спротивното. Се уште немаме официјален став на владата да ја информира јавноста што се случило, и како до сега го следи проблемот. Тотална неодговорност на владата, изјави Џаферај за abcnews.al.

Според него објавени се информации кои се строга тајна, како и имињата на целиот синџир на команда на службата.

– Скандалот ќе беше поголем доколку ги имаше и имињата на соработниците, но се чини дека тоа е обработена информација. Навлегле на повеќе нивоа, но не верувам дека влегле на ниво на соработници, што е многу чувствителна информација, која е заштитена и од партнерите, оценува тој.

Додава дека „информациите што беа објавени се обработени информации, а не бруто”.

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ објавија список со имиња, адреси на е-пошта и телефонски броеви на околу 600 вработени во албанската тајна служба, ШИШ.

Претходно објавија податоци и за првиот разузнавач, Хелидон Бендо, меѓу другото и датумите на излез и влез од ТИМС системот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он