Ѕанакопулос: Му посакуваме успех на Заев и очекуваме добар резултат на референдумот

Од:

Очекуваме позитивен резултат од референдумот и му посакуваме успех на Заев, порача портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што Грција очекува од референдумот кај нас.

– Очекуваме и се надеваме на позитивен резултат, бидејќи сметаме дека ова ќе биде првиот и одлучувачки чекор за Договорот од Преспа да стапи на сила. Му посакуваме успех на господинот Заев и го очекуваме резултатот, рече портпаролот на грчката Влада.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Ѕанакопулос уште еднаш порача дека и покрај ставовите и позициите на коалицискиот партнер во Владата, Панос Каменос, договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент и ќе биде изгласан.

– Господинот Каменос не ги криеше неговите позиции во изминатите околу осум месеци откако се отворија разговорите кон договор за името на нашата соседна земја. Оттука, јас треба да ви кажам дека волјата на премиерот е штом се завршат предвидените чекори, односно, позитивен исход на референдумот и завршување на уставната ревизија во Собранието на соседната земја, да го донесе договорот и да се изгласа. Ако ги видите политичките корелации во грчкиот парламент произлегува дека за Владата не постои апсолутно никаква опасност. Договорот и ќе се достави и ќе се изгласа, рече Ѕанкопулос.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, дали грчката Влада за континуирано да изразува убеденост и да тврди дека ќе има мнозинство во Парламентот, значи дека има избројано најмалку 151 пратеник колку што е потребно за да биде ратификуван договорот, Ѕанакопулос истакна дека тоа произлегува од изјавите што одредени пратеници ги дале во изминатиот период.

– Нема да правам парламентарна математика, мислам дека е многу лесно да се видат изјавите дадени повремено и да се сфати дека постои комотно парламентарно мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа, објасни портпаролот на грчката влада и министер без ресор на денешниот редовен брифинг со грчките новинари и странските дописници.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски