Ѕанакопулос: Ципрас во средината на јануари ќе одлучи кога Преспанскиот договор ќе влезе во грчкиот Парламент

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по 18 јануари ќе донесе одлука кога Преспанскиот договор ќе биде поднесен за ратификација во грчкиот Парламент, „до кога се очекува тој да ја мине соодветната процедура во Скопје“, изјави портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос, цитиран од електронското издание „Катимерини“.

-Во моментов се прават потребните „парламентарни комбинации за ратификација на Договорот и тие се интензивни“. Конкретно на прашањето дали ќе се собере неопходното мнозинство од 151 глас, гласноговорникот на грчката Влада соопшти дека од самиот почеток на овој процес има изјави од партијата Потами, како и од некои пратеници од левоцентристичкото Движење за промени, дека Договорот претставува уникатна историска можност за решавање на проблемот.

И поранешниот грчки шеф на дипломатијата Никос Коѕијас во саботата изрази увереност дека грчкиот Парламент има мнозинство за ратификција на Договорот од Преспа, пренесува „Катимерини“.

Минатата недела грчки дипломатски извори за весникот „Елефтерос типос“ изразија очекување дека Договорот од Преспа меѓу Атина и Скопје уште во текот на јануари ќе влезе во процедура на ратификација во грчкиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он