Движењето во Грција само со посебни потврди

Од:

Со забраната за целосно движење во Грција, што стапува во сила утре во шест часот, а ќе трае до 6 април 2020 година, секој граѓанин за да излезе надвор ќе треба да има посебна потврда, соодветно пополнета и потпишана и само поради конкретни причини.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас објасни што точно значи забраната за движење која што ја соопшти попладнево грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и во кои случаи граѓаните ќе смеат да излезат од дома.

Постојат осум исклучоци од забраната и дозволено е само:

  • Oдење и враќање од работа, само за време на работните часови;
  • Посета на аптека или доктор;
  • Посета на продавница за прехранбени продукти, кога не постои можност за достава;
  • Посета на банка, доколку не е можна електронска трансакција;
  • Движење за пружање помош на луѓе кои имаат потреба;
  • Одење на погреб, свадба, крштенка и сл. согласно условите предвидени со закон;
  • Вежбање надвор или шетање домашно милениче, индивидуално или најмногу до две лица;
  • Еднократно враќање во местото на постојано живеење;
  • Паралелно, во приватните и службените возила, дозволено е да има по најмногу две лица, односно возач и совозач.

За оние кои ќе ги прекршат ограничувањата, предвидена е казна во висина од 150 евра.

Од ограничувањата се ослободени вработените во армијата, во полицијата, медицинскиот персонал како и вработените во службите за цивилна заштита и строго и единствено за исполнување на нивните работни должности.

За контролата ќе бидат задолжени полицијата, општинската полиција, крајбрежната служба како и националниот орган за транспарентност. Контрола ќе се врши и со дронови и хеликоптери на полицијата, а предвидени се посебни проверки и на патарините.

Граѓаните, при излегувањето, со нив треба задолжително да имаат лична карта или пасош и потврда за движење.

Предвидени се два вида на документи, односно потврди за движење. Едната, за оние кои одат на работата и која ќе се пополнува само еднаш, заедно со потврда од работодавачот со детално заведено работно време, а втората, за другите случаи односно за посета на супермаркет, аптека, банка и сл.

За секое излегување од дома, поврзано со втората категорија, секој од граѓаните треба да има нова потврда.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, истакна дека „забраната за движење на граѓаните со исклучоци на строго ограничени активности, го прекинува синџирот на ширење на вирусот“ и помага да се избегне најлошото.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит