Две повозрасни жени лежат во ист кревет во болницата во Сисак: Директорот вели дека кратко траело

Од:

Фотографија од две постари жени кои заедно се сместени на кревет за едно лице во Општата болница „Д-р Иво Педишиќ“ во Сисак беше објавена на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во Хрватска.

Директорот на болницата во Сисак,Томислав Дујменовиќ, за Јутарњи лист потврди дека фотографијата е автентична. Директорот рече дека во тоа време имало премногу пациенти и дека двете жени само кратко биле заедно во кревет.

Тој посочува дека поради недостаток на простор во еден момент на ист кревет биле сместени две жени. Но, наведува дека вака лежеле многу кратко, додека не им се обезбедил соодветен простор.

За неколку часа ситуацијата била ставена под контрола. Наша примарна цел е да го заштитиме здравјето и животот на нашите пациенти и со ова изразувам жалење доколку ова беше непријатна ситуација за пациентите, но во тој момент беше неизбежна за да се избегнат многу посериозни и непријатни сценарија“, изјави директорот Дујменовиќ за Јутарњи.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби