Две ластовички на хрватската пролет

Од:

Нови Лист – Риека

Одамна Јадранка Јурешко-Керо напиша дека нови лица во политиката можат да дојдат само од иселеништвото, а со нив и нова хрватска пролет. Колинда Грабар Китаровиќ ја сфати сериозно и ја жртвуваше министерската фотеља за тежок живот на печалба. Од каде заедно со госпоѓа Јурешко-Керо стигна на власт во Хрватска…

Ако е вистина тоа што го пишува во весниците, а пишува дека првата хрватска претседателка од сите соработници на Иво Јосиповиќ ќе побара своите мандати да и ги стават на располагање, но и дека со сите нив ќе разговара, не сум сигурен дали Колинда Грабар Китаровиќ ќе успее да ја заврши таа работа до четврток, на 19 февруари оваа година, кога официјално треба да стапи на должност по раскинувањето на работно правните врски со компанијата НАТО д.о.о. на бул. Леополд 3, 1110 Брисел, Кралство Белгија, и ќе почне нов работен однос со фирмата Република Хрватска д.н.н со привремено седиште на адреса Пантовчак 241 кај Јосиповиќ, 10000 Загреб.

Не се сомневам јас во докажаниот работен елан и службеничката ревност на госпоѓата Грабар Китаровиќ, но не се сомневам ни во нејзините често повторувани зборови за енормниот број на советници и останат персонал на Пантовчак. Токму затоа и сум загрижен дали таа работа што несебично ја посакуваше, ќе биде претешка дури и за лице на кое и се потсмеваат дека е работохоличарка. Бидејќи ако новоизбраната претседателка навистина има намера сериозно да разговара и со Вито Турсиќ и со Мирјам Катулиќ и со Даница Јуричиќ-Спасовиќ и со Златко Гарељиќ и со Мирјана Младиено и со Тамара Обрадовиќ – Мазал и со Зринка Врабец-Мојсеж и со Анкица Мариновиќ и со Синиша Таталовиќ и со Саша Перковиќ и со сите останати луѓе без кои претседателскиот кабинет барем до сега не можеше да функционира, се плашам дека од тие пусти разговори нема да ја фати грч на јазикот или дека нема да ја стигнат озборувања, пред да ја преземе должноста претседател на Република Хрватска и да ја врши совесно и одговорно, на доброто на хрватскиот народ и сите хрватски државјани.

Дури и ако успее, како што тоа самата убаво го кажа, до крај да искомуницира се што наумила со цела таа камарила на Јосиповиќ, којзнае дали ќе и остане барем малку време да основа тим кој следните пет години заедно со неа вредно ќе црнчи во новиот кабинет, сместен на едвај нешто повеќе од 1000 квадрати во скромната палата Понгратз, на двојна адреса Високо 22, Месничка 23? Бидејќи, ако и понатаму може да се верува на весниците, моментално се знаат само две имиња чии горди носители во тој горноградски симбол на новата штедливост ќе влезат заедно со Колинда Грабар-Китаровиќ. И тие две имиња се новинарски.

Првото новинарско име: Младен Павиќ, за кој некој ќе се сети и по тоа што пред влесот во портпаролската бранша, со години новинареше на Хрватската телевизија. Многу гледачи на државната телевизија веројатно подобро го памтат по портпаролската функција во Министерството за земјоделство на Чобанковиќ, во кампањата на Санадер на ХДЗ за парламентарните избори во 2007 година, во Владата на Република Хрватска под водство на Јадранка Косор, и конечно и по портпаролската функција во штотуку завршената кампања на Колинда Грабар-Китаровиќ.

Второ новинарско име, а презиме второ и трето: Јадранка Јурешко-Керо, долгогодишна дописничка на Вечерњи лист од Соединетите Американски Држави и повеќемесечна лична советничка на новата хрватска претседателка од периодот додека користеше неплатен одмор во НАТО, за да може за двете да се избори за новите работни места.

На госпоѓа Јурешко-Керо во Високо 22 Месничка 23 наводно е наменета позицијата шефица на претседателскиот кабинет, а дека токму таа е идеално лице за вршење на таа тешка должност, ни сведочи и нејзиниот текст од октомври 2006 година во кој на тогашниот хрватски премиер Иво Санадер му предвидуваше иднина многу посреќна од таа што го најде. Но, тој на сопствена жал и неволја, немаше слуха за сугестивните визии на новинарката од Вечерњи.

– Ако во иднина хрватските гласачи се одлучат дека нема место за Иво Санадер во политичкиот живот во земјата, премиерското и пратеничкото место може подеднакво да се замени со новинарски или главноуреднички кадар…

Санадер би бил најдраг новинар на секој главен уредник, бидејќи од неговите проценки би излегувале само позитивни вести добро опремени со реални аргументи, но и украсни епитети… Со таков уредник каков што би бил Санадер и сите други послаби новинари би изгледале подобри, поуспешни и повеќе читани, бидејќи тој би создал силно покренувачко емоционално опкружување… За воодушевување е како политичарот Санадер во Белата куќа речиси во новинарска улога го интервјуираше ни повеќе ни помалку туку американскиот претседател Џорџ Буш. Подобро од СиЕнЕн! Ма, тоа е за овогодишна Пулицерова награда!

Нарцисоидниот Санадер веројатно мислел дека Јадранка Јурешко-Керо со тој текст невкусно се додворувала, а таа всушност суптилно му порачувала да ја остави политиката и да се фати за новинарството, професија во која должноста на личен портпарол би ја вршел многу подобро од своите медиумски слуги.

Тогаш госпоѓа Јурешко сфати уште една важна работа, дека нови лица во политиката можат да дојдат само од иселеништвото, а со нив и нова хрватска пролет. За среќа тоа го свати и тогашната соработничка на Иво Санадер Колинда Грабар-Китаровиќ, па од министерската фотеља за надворешни работи отиде во печалба. Па за еден ден во хрватската политика да се врати како целосно ново лице, кое со озлогласениот и осуден поранешен премиер немала никаква работа. Исто како ни идната шефица на нејзиниот претседателски кабинет, порано никогаш не му се восхитувала.

А сметајќи дека ниедна пролет не ја прави само една ластовичка, па така ни оваа хрватска пролетк, јасно ви е веројатно и зошто Колинда Грабар-Китаровиќ во Хрватска не долета сама, туку во друштво со Јадранка Јурешко-Керо, наречена Пулицер.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег