Двајца Срби биле претепани во ноќта меѓу саботата и неделата во Косовска Митровица, извести заменик командантот на косовската полиција за регионот Север Ветон Ељшани, додавајќи дека поради тоа биле уапсени тројца Албанци.
Елшани додаде дека инцидентот се случил околу еден часот по полноќ. Според него, на три лица им е одредена мерка притвор до 48 часа.
„Утринава околу 11 часот во полициска станица дошол маж и пријавил дека бил претепан. Според лекарските наоди кои ги приложил се здобил со полесни повреди. По неколку часа полицијата успеала да идентификува и уапси три лица задржување“, рече Елшани.