Двајца нови починати во Грција од коронавирусот

Од:

– Бројот на жртви од коронавирусот во Грција, денеска се зголеми на три лица, откако двајца мажи, едниот на островот Закинтос и другиот во градот Птолемаида, утрово починаа, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство на Грција, станува збор за лица кои имале здравствени проблеми.

Во болницата во градот Птолемаида, почина 90-годишен Грк, кој на 11 март 2020 бил хоспитализиран со пневмонија.

Втората жртва е 67-годишен маж од Закинтос кој од завчера бил приклучен на апарати, а неофицијално, бил дел од групата што беше на поклоничко патување во Израел и Египет.

Од истата група беше и првата жртва од коронавирусот во Грција.

Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата во земјата, заклучно со вчера, се регистрирани 190 случаи на Ковид-19

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина