Двајца хрватски малолетници се уапсени за тероризам

Од:

Во меѓународна операција против десничарскиот тероризам во неколку европски земји беа уапсени неколку лица. Хрватското МВР соопшти дека и во Хрватска се уапсени две лица.

Засега се знае дека покрај подготвувањето напади врз хомосексуалците, постојат индиции дека се подготвувале и напади врз луѓе од различни етнички и религиозни групи. Токму врз основа на овие податоци, односно вредностите што ги пропагираат осомничените и нивните планирани цели, Европол и полицијата известија дека станува збор за „десничарска“ група.

Хрватските власти соопштија дека се уапсени двajца малолетници. Како што неофицијално дознава ХРТ, едниот има 16, а другиот само 14 години. Тие се уапсени во областа на централна Хрватска, југоисточно од Загреб.

Загрепското жупаниско државно обвинителство против двајцата ќе бара мерка притвор. Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, тие се товарат за кривично дело за кое барем во поновата судска пракса никој во Хрватска не е осомничен, а се работи за обука за тероризам.

Како што соопштија Европол и хрватската полиција, осомничените користеле онлајн платформата за ширење насилна екстремистичка пропаганда, активно регрутирање нови членови и размена на прирачници за оружје од 3Д принтери. Се верува дека некои членови на организацијата напишале свој личен манифест и имаат пристап до оружје.

Европравда и Европол ги поддржаа властите во Белгија, Хрватска, Германија, Литванија, Романија и Италија во меѓународната операција против десничарскиот тероризам.

Би можело да ве интересира

Британската полиција уапси петмина осомничени за тероризам

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

(ВИДЕО) Израел се бори со огромни пожари, постои сомневање за тероризам, уапсени се неколку лица

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он