Двајца градежни работници загинаа во БиХ

Од:

За само четири дена од одрони на камења загинаа две лица, кои работеле на изградба на приодните патишта до хидроцентралата „Улог“ кај босанскиот град Калиновиќ, по што градежните работи се прекинати.

Еден од работниците на „Приједорпатишта“ загина вчера, а друг е повреден и веднаш пренесен во болница во Фоча. До несреќата дошло кога за време на работата се одронило поголемо количество камења на брегот на реката Неретва, соопшти Центарот за јавна безбедност од Источно Сараево.

Пред четири дена, исто така при одрон на камења на ова градилиште загина и еден 27- годишен багерист на „Приједорпатишта“.

Од претпријатието соопштија дека веќе три години се ангажирани на ова градилиште и досега не се случила ниту една несреќа.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина