Два нови сомнителни случаи на заразени со коронавирус денеска во Косово

Од:

Во лабораториите на Националниот институт за јавно здравство на Косово денеска се предадени на анализа примероци од двајца пациенти за кои постојат сомневања дека се заразени со коронавирус, објави попладнево порталот „Газета експрес“.

Резултатите од анализата се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден.

Во текот на вчерашниот ден, според приштинскиот портал, на инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово биле хоспитализирани четири лица за кои постоело сомневање дека се заразени со смртоносниот вирус Ковид-19. Разултатите за сите од нив, како и за неколкумината кои во претходните денови беа тестирани за вирусот, биле негативни, соопштија официјални извори од Институтот за јавно здравство на Косово.

Во рамки на Министерството за здравство на крајот на минатата недела е формиран Комитет за следење на заразните болести, кој усвои План за готовност и реагирање при евентуална појава на коронавирусот.

Планот, како што беше соопштено, ги содржи активностите кои се преземени во случај да се јави потреба од справување со вирусот, а со него се опфатени речиси сите јавни здравствени установи, организациите и владините агенции, како и Безбедносните сили (ФСК) Полицијата на Косово и царинските служби. Меѓу другото, од вчера лекарски тимови се распоредени на приштинскиот меѓународен аеродром „Адем Јашари“ и на граничниот премин Мердаре меѓу Косово и Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија